Времетраење: јуни 2011 – декември 2022
Поддржано од: Детска Фондација „Песталоци“
Имплементатор: Македонски центар за граѓанско образование (МЦГО)
Партнери: Биро за развој на образованието (БРО), 27 училишта и 9 општини
Влијание: Да се подобрат меѓуетничките односи во општеството
Примарни цели: Основни училишта вклучувајќи ги учениците, наставниците, училишното раководство, училишните одбори, родителите и претставниците од општината задолжени за образование
Опис на проектот: Проектот се спроведува во 27 етнички мешани училишта и 9 општини (Битола, Бутел, Струмица, Тетово, Куманово, Радовиш, Струга, Гостивар и Долнени). Целта на проектот е да се подобри меѓуетничката интеграција во образованието преку спроведување на наставни и воннаставни активности со ученици од различно етничко потекло, и на тој начин да се даде придонес кон зајакнувањето на мултиетничката соработка и толеранција во општините. БРО и општините се клучни партнери во спроведувањето на сите проектни активности.
Очекувани резултати:
• Учениците од различна етничка припадност ги развиваат вештините и компентенциите за интеркултурно образование (ИКО) преку активно учество во различни активности (заеднички секции, мешани часови, фокус групи, анкети) и имаат можност да запознаат други ученици кои следат настава на друг јазик;
• Повеќе пријателства меѓу учениците од различна етничка припадност во и надвор од училиштето;
• Наставниците применуваат ИКО во редовните часови врз основа на насоките добиени од советниците од БРО;
• Подобрување на наставата и практиките на учење по предметот Граѓанско образование.