Времетраење: 2022 – 2026 (втора фаза)
Имплементатори: Helvetas Swiss Intercooperation, Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) и Стопанската комора на Северна Македонија
Партнери: Министерство за образование и наука, Министерство за труд и социјална политика, како и други релевантни министерства, државни институции, училишта за средно образование и обука, општини, компании од приватниот сектор, понудувачи за обука во неформалното образование за развој стручни вештини и граѓански организации
Целна група: Невработени и несоодветно вработени млади лица и на возраст од 15-29 години, ученици од стручно образование и обука, со грижа за вклучувањето на жени, Роми и лица со попреченост/потешкотии.
Главна цел: Младите жени и мажи се стекнуваат со пристојно вработување поради пазарно-ориентирани вештини.
Цели: Проектот е насочен кон неусогласеноста помеѓу вештините кои се стекнуваат во образовниот процес и вештините кои се бараат на пазарот на труд. Овој јаз доведува до голема невработеност помеѓу младите и ја попречува конкурентноста на економијата. Надградувајќи се на постигнатите резултати и научените лекции од првата фаза, Фаза 2 ќе го насочи својот фокус на имплементацијата кон дуалното средно стручно образование (ССО). Проектот ќе ја продолжи својата работа на национално ниво од првата фаза, но исто така ќе интервенира и на локално ниво, поддржувајќи ја имплементацијата на реформите во СОО.
Национално ниво: Проектот ќе го поддржи Министерството за образование и обука и Центарот за СОО, во соработка со стопанските комори, за да се изработи потребната законска регулатива за дуално ССО, како што се подзаконски акти и упатства за имплементација на дуалното СОО. По однос на приватниот сектор, проектот ќе ги зајакне капацитетите на организациите за поддршка на бизнисот, кои треба да бидат врската помеѓу своите членки-компании и училиштата за СОО. Иако интервенциите ќе се реализираат на национално ниво, бидејќи најголем дел од организациите за поддршка на бизнисот делуваат на национално ниво, влијанието од интервенциите ќе има позитивни ефекти и на локално ниво. Локално ниво: Поголемата ангажираност на локално ниво ќе биде значаен дел од Фаза 2. Министерството за образование и наука, кое водеше интензивен дијалог со компаниите заинтересирани да се вклучат во процесот на СОО, ќе вложи напори да го пренесе дијалогот на локално ниво.
Очекувани резултати:
• Резултат 1: Подобрениот систем за стручно образование и обука ефикасно и ефективно ги оспособува млади лица за пазарот на труд.
• Резултат 2: Компаниите и организациите за поддршка на бизнисот заеднички создаваат и обезбедуваат пазарна релевантност на стручното образование и обука.
За повеќе информации, посетете ја веб страницата: www.e4e.mk