Времетраење: Април 2022 – Март 2025
Донатор: Канцеларија на Светска Банка во Република Северна Македонија
Имплементатор: Македонски центар за граѓанско образование (МЦГО)
Цел: Oбезбедување техничка помош за Министерството за образование и наука и Државниот просветен инспекторат (ДПИ), во подобрувањето на системот за обезбедување квалитет, со цел да се модернизира и синхронизира самоевалуацијата и интегралните системи за евалуација, како и да се обезбедат насоки за подобрување на процесот на подготовка на Училишниот развоен план (УРП), логистичка и експертска поддршка при обезбедување на обука за клучните чинители со цел да се обезбеди униформност во разбирањето на рамката ИКРУ како и подигање на свеста за важноста на културата за унапредување на квалитетот.
Опис на проектот: Во рамки на Проектот за унапредување на основното образование (ПУОО), кој се спроведува од страна на Министерството за образование и наука, преку грант на Светска Банка, МЦГО работи со ДПИ на зајакнување на индикаторите за оценување на квалитетот на училиштата, подобрување на рамката за интегрална евалуација и самоевалуација на основните училишта и училишното развојно планирање, подобрување на ефективноста, ефикасноста и одговорноста на ДПИ како и дизајнирање на програма за училишни грантови.
Главна цел на проектот е да се придонесе кон поефикасен и поефективен процес на оценување на квалитетот, кој ќе биде поврзан со програма за грантови за најуспешните училишта.
Очекувани резултати:
- Подобрување на рамката за самоевалуација и интегрална евалуација и индикаторите за обезбедување квалитет;
- Подобрување на УРП (Училишен развоен план) и зајакнување на неговата улога;
- Подобрување на ефикасноста и административниот капацитет на ДПИ;
- Изготвување програма за училишни грантови;
- Предложени алатки и механизми за за промовирање на отчетноста на училиштата пред засегнатите страни;
- Развивање и спроведување обуки за различни групи засегнати страни;
- Подготовка на техничка спецификација за дизајн и развој на софтвер за ДПИ.