Подобрување на практиките за вода, санитација и хигиена (WASH) и превенција и контрола на инфекции (IPC) во основните училишта

140

Времетраење: јануари 2021 – јуни 2021
Донатор:  УНИЦЕФ Северна Македонија

Имплементатор: Македонски центар за граѓанско образование (МЦГО)

Цел:  Водата којашто е безбедна и соодветна за децата, санитацијата и хигиената (WASH) во училиштата го подобруваат здравјето, ги унапредуваат образовните достигнувања, промовираат родова еднаквост и имаат позитивно влијание врз заедниците.

Опис на проектот: Во Северна Македонија сѐ уште има училишта во кои недостасуваат основни капацитети за вода и санитација, а образовните програми во врска со хигиената се честопати несоодветни.  Со КОВИД-19, хигиената во училиштата стана поважна од кога и да било.  Заедно со своите партнери, УНИЦЕФ помага при разрешувањето на овие недостатоци ставајќи посилен акцент на WASH во училиштата. 

Како дел од континуираната програма за подобрување во врска со WASH и IPC во училиштата, УНИЦЕФ разви онлајн алатка за самооценување во врска со WASH во училиштата, интегрирајќи ги постојните WASH во програмите за просветна инспекција на Институтот за јавно здравје и мерките за КОВИД – 19 предвидени во националниот протокол за повторно отворање на училиштата.

Една од главните цели на овој проект е да се реализира програма за подобрување на хигиената со користење на алатката за оценка и насоки во врска со WASH и IPC, да се мотивираат училиштата и општините за развој и имплементација на нивни планови за подобрување на хигиената и за подобрување на нивните капацитети за одржување хигиена на рацете. 

Резултати:

  • Подобрени оценки/практики за самооценување за WASH во училиштата;
  • Подобрени капацитети на училишните кадри за одржување хигиена и контрола и превенција на инфекции;
  • Приближно 100 училишта ја искористиле алатката за самооценување за целите на развој и усвојување на училишни планови за подобрување во врска со WASH;
  • 15 од училиштата имаат подобрени инсталации во станиците за миење раце во рамките на нивните капацитети; 
  • Подобрени капацитети на училишните кадри за одржување хигиена и контрола и превенција на инфекции;
  • Приближно 90 учесници од училишните кадри обучени за соодветно ракување и одржување на станиците за миење раце и други WASH капацитети.