Одржливи вештини за обучувачи на практиканти во иницијалното стручно образование и обука (ИСОО)

1466

Програма: Еразмус+, Клучна акција 2, Стратешки партнерства во областа на стручно образование и обука

Времетраење: октомври 2020 – септември 2022

Партнери: Македонски центар за граѓанско образование (Северна Македонија), Фондација за модерно образование (Бугарија), Комора за дрвна индустрија и изработка на мебел (Бугарија), M&M Profuture Training, S.L. (Шпанија) и Центар за стручно образование и обука Паневежис (Литванија).

Цел на проектот: Да се зајакне обезбедувањето на учење базирано на работа, со оглед на тоа дека партнерските организации во рамките на овој проект го согледуваат фактот дека квалитетните програми за практикантство се суштински предуслов иницијалното стручно образование и обука (ИСОО) да го следи брзиот технолошки, економски и општествен развој.

Целта на партнерските организации во рамките на овој проект е да се изготват иновативни, интелектуални трудови со цел да се зајакнат вештините и компетенциите на целните групи со алатки коишто се лесни за користење за планирање, осмислување и реализација на наставни планови за обуки, следење на напредувањето на практикантите и обезбедување конструктивни повратни информации.

Главна цел на проектот: Да се обезбеди поддршка за менторите од компаниите при планирањето, осмислувањето, реализацијата и оценувањето на програмите за ИСОО.

Целни групи: 1. Обучувачи на ментори од компании 2. Ментори од компании.

Интелектуални трудови: За да се одржи активната вклученост на бизнисот во учењето базирано на работа, како и да се гарантира висок квалитет и релевантност на менторството од компаниите, проектот Одржливи вештини за обучувачи на практиканти во ИСОО, ќе изработи напредна програма за обука на обучувачи за компаниски ментори (Интелектуален труд 1). Исто така, со оглед на контекстот и целите, проектот  исто така има за цел развој, тестирање и спроведување на пакет алатки за менторите од компаниите (Интелектуален труд 2) за да им се обезбеди помош при планирањето, спроведувањето и оценувањето на учењето базирано на работа коешто се одвива во текот на практичната обука во компаниите.

Главни активности: Проектните активности се структурирани во пет логички осмислени фази на управување на проектот. Тие ги опфаќаат активностите за управување со проектот, како и активностите наменети за реализацијата на двата предвидени интелектуални труда. Активностите се: 1) Управување и координација на проектот – тековен процес; 2) Подготовка на Интелектуален труд 1 – Напредна програма за обука на ментори од компании; 3) Подготовка на Интелектуален труд 2 – Сеопфатен пакет алатки за од страна на менторитепаниите; 4) Управување со квалитет и 5) Дисеминација и примена.