Мисија
Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) е основан во 2004 година со мисија да изготвува образовни програми и да им обезбедува услуги на образовните и другите јавни институции, локалните заедници, невладиниот сектор, деловниот сектор и граѓаните со цел да даде придонес кон континуираниот развој на граѓанското општество. Визијата на МЦГО е да обезбедува поддршка во реализацијата на демократски промени во општеството преку континуиран развој на граѓанското општество во кое граѓаните активно учествуваат во процесот на одлучување.
Стратешки цели
Нашите стратешки цели вклучуваат:
– поттикнување учество на граѓаните во демократските процеси во општеството;
– излегување во пресрет на потребите на заедницата;
– унапредување на соработката и координацијата меѓу различните општествени структури;
– соработка и воспоставување мрежи за соработка со организации во земјата и странство;
– поддршка на осовременувањето на формалното образование;
– развивање партнерство со деловниот сектор за поттикнување на корпоративната општествена одговорност;
– изготвување и реализација на програми за граѓанско образование;
– поттикнување свест и реализација на програми за доживотно учење.
Вредности и принципи
Нашата работа се води по следниве вредности и принципи:
– професионално и одговорно работење во невладиниот сектор;
– обезбедување на стручност во согласност со барањата на клиентите;
– изнаоѓање идејни решенија и методологии при реализацијата на сите програми;
– еднаков третман на сите клиенти и партнери;
– креативност во новите приоди;
– обезбедување одржливост при реализацијата на сите активности;
– активно вклучување на корисниците во процесот на креирање и изработка на програмите;
– транспарентност и отчетност во соработката со донаторите и корисниците на услугите;
– промовирање на вредностите за демократско граѓанство во сите сфери на работењето.