Нашата работа

Области на работа
МЦГО имплементира проекти во областа на:
– Децентрализација во образованието;
– Професионален и кариерен развој на образовните кадри;
– Меѓуетничка интеграција во образованието;
– Инклузивна училишна култура и образование;
– Формално и неформално стручно образование;
– Подобрување на информатичките вештини на учениците, вештините за англиски јазик и развој на јазична и математичка писменост.

Градење на капацитети за училишниот кадар и образовни програми
Во текот на изминатите 15 години, МЦГО работеше со сите основни и средни училишта, вклучувајќи ги сите засегнати страни во проектните активности. МЦГО обезбеди обуки за повеќе од 30.000 заинтересирани учесници во областа на образованието во рамките на повеќе програми. Преку сеопфатен пристап кој ги вклучува сите наставници, училишни директори и стручните и технички служби, МЦГО ги поддржуваше училиштата во создавањето на системски промени во нивната работна и училишна атмосфера.

Реновирања на училишта
МЦГО реализираше повеќе од 250 различни видови на реновирања од помал обем. Како дел од ова, МЦГО работеше со општините на утврдувањето на училишните приоритети и потребните интервенции, во тесна соработка со родителите.

Децентрализација во образованието
Од 2004 година, МЦГО работи со општините на зајакнувањето на соработката помеѓу училиштата и општините за овозможување на децентрализација. МЦГО го насочуваше процесот на развој на локални образовни политики и на зајакнување на капацитетите на општините за воспоставување на механизам за поврзување на училиштата со локалните власти.

Истражувања
МЦГО спроведе повеќе истражувања на појдовната состојба во областа на образованието за последователно мерење на влијанието на квалитетот на интервенциите и на достигнувањата на учениците, вклучувајќи и оценување на знаењето, способностите и компетенциите на наставниците.

Публикации и информирање на јавноста
МЦГО објави и дистрибуираше повеќе од 97.000 прирачници, брошури и други публикации и едукативни материјали до институциите, општините и училиштата низ Северна Македонија. Исто така, МЦГО изготви промотивни видео материјали и анимирани видеа за подигнување на свеста за конкретни прашања од областа на образованието. Се организираа и различни промоции, вклучувајќи настани за започнување на проекти, национални и меѓународни конференции, а при тоа настаните беа успешно покриени од страна на националните и локалните медиуми.

Соработка со локалните и интернационалните граѓански организации
МЦГО работеше со 20 локални организации за обезбедување на менторство за финансиско управување и известување, застапување на интереси, мониторинг и евалуација и поврзување помеѓу училиштата и општините, при што секоја организација обезбеди сопствена конкретна експертиза и искуство за збогатување на проектните активности. МЦГО соработуваше и со повеќе од 20 интернационални граѓански организации при имплементацијата на заеднички проекти во Балканскиот регион, Европа и САД.