Реновирање и обновување на центрите за ран детски развој во Демир Капија и Крушево

1153

Времетраење: март – мај 2019
Донатор: Канцеларијата на УНИЦЕФ во Северна Македонија

Цел: Во Северна Македонија, запишувањето на деца на возраст од три до шест години во предучилишно образование беше околу 39%, што претставува една од најниските стапки во Европа, додека посетеноста на наставата беше уште пониска.
Позитивните придобивки од посетувањето предучилишно образование во текот на овој период на интензивен развој на мозокот на децата се од суштинско значење за унапредување на академските достигнувања на децата. За да се реализира овој приоритет, беше важно да им се обезбеди поддршка на локалните заедници при процесот на воспоставување центри за ран детски развој (центри за РДР) како алтернативна форма на предучилишно образование во услови каде што целосна грижа за децата не е неопходна и се реализира само програма за рано учење и развој два до три часа дневно.
Главната цел на проектот беше реновирање на центрите за ран детски развој во Бучин (Крушево) и Бистренци (Демир Капија) со што се овозможи пристап до предучилишно образование за околу 60 деца, на тој начин придонесувајќи за зголемување на стапката на запишување во предучилишно образование во овие две општини.

Резултати:
• Центрите за ран детски развој беа реновирани и опремени со мебел и дидактички материјали;
• Персоналот за предучилишно образование и службените лица од општините беа обучени за квалитетно образование во периодот од раното детство и обезбедување одржливост преку локални партнерства;
• Беше овозможен пристап до предучилишно образование за околу 60 деца.