Регионална поддршка за инклузивно образование

212

Времетраење: февруари 2014 – октомври 2015
Партнери: Македонски центар за граѓанско образование (МЦГО) и Мрежата на центри за образовни политики (МЦОП)
Донатор: Советот на Европа

Цел: Поддршка на училиштата во спроведувањето на инклузивни политики и практики и помош при подготовката на училишни проекти и училишни развојни планови. Мрежата на центри за образовни политики (МЦОП) и Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) во Северна Македонија беа избрани од страна на Советот на Европа да служат како Платформа за поддршка на училиштата при спроведувањето на инклузивни политики и практики во рамките на проектот „Регионална поддршка за инклузивно образование“ финансиран од страна на Европската комисија. Идејата беше тимот за училишна поддршка да претставува своевиден „рефлективен пријател“ на пилот училиштата од февруари 2014 година до октомври 2015 година кој ќе им помага како во подготовката на училишни проекти за грантот од Советот на Европа така и во подготовката на развојните планови на училиштето. Преку интерактивна соработка со училишните тимови, како и со останатиот кадар и со учениците во училиштето, училиштето беше водено низ процесот на самооценување. На училиштата им беа понудени работилници и поддршка, врз основа на нивните потреби, со цел да се подобрат веќе постоечките и да се воведат нови инклузивни политики и практики.

Резултати:
• Утврдување на фокус групи (ученици, родители, наставници, заедница) во секое од 7-те пилот училишта;
• Поддршка на 7-те пилот училишта во креирањето на индивидуални прилагодени развојни планови врз основа на Индексот за методологијата за инклузија, како и поддршка во процесот на самооценување;
• Тековна поддршка за пилот училиштата за спроведување на инклузивните развојни планови на училиштата, вклучувајќи и подготовка на предлози за училишни грантови, управување со грантовите и обезбедување на квалитет;
• Поднесени кратки извештаи за напредокот со опис на резултатите од активноста до Советот на Европа на квартална основа;
• Во финалната фаза на Проектот, беа креирани планови за одржливост на инклузивното образование за секое пилот училиште со листа на препораки за начинот на одржување на поддршката на национално и на регионално ниво.