Проект на УСАИД за професионален и кариерен развој на наставниците

463

Времетраење: декември 2012 – јуни 2016
Донатор: УСАИД Северна Македонија

Цел:  Надградба и подобрување на Системот за професионален и кариерен развој на наставниците (ПКРН), на тој начин придонесувајќи за повисок квалитет на наставата во училиштата и подобри достигнувања на учениците во Република Северна Македонија. Целната група на проектот ги опфаќаше наставниците, директорите на училиштата и стручните служби на училиштата, соработниците од Бирото за развој на образованието (БРО) и Центарот за стручно образование и обука, како и просветните инспектори (државни и овластени инспектори). Проектот беше инициран од страна на Бирото за развој на образованието како резултат на делумните и неконзистентни интервенции во врска со професионалниот и кариерниот развој на наставниците коишто биле реализирани претходно. Поради тоа, во рамките на делокругот на овој проект беа спроведени сеопфатни анализи на постојните документи и одлуки, вклучувајќи и успешни образовни системи со високи достигнувања на учениците при меѓународните оценувања. Овие анализи беа искористени како основа за подготовката на препораки за подобрување на системот за професионален и кариерен развој на наставниците во Северна Македонија, вклучувајќи и тековни политики и практики коишто се сметаа за одржливи. Покрај тоа, во рамките на проектот беа земени предвид тековните активности за професионален развој и беа предложени два модели за кариерен развој коишто беа најсоодветни во македонски контекст. Системот беше поставен на темелите на јасни стандарди за квалитетна настава, објективно и транспарентно оценување на наставниците, фокусиран професионален развој и континуирана поддршка за наставниците.

Резултати:
• Беше формиран Управен одбор на проектот и редовно се одржуваа состаноци за ревидирање и одобрување на проектните документи и решенија;
• Беа избрани и ангажирани меѓународни консултанти за спроведувањето на проектот за ПКРН, а беа организирани и работилници за градење на капацитети за ПКРН;
• Беше спроведена SABER анализа на наставници и беше добиен извештај од Светската банка;
• Од страна на меѓународните експерти беше изготвена анализа на шест држави со добро воспоставени системи за ПКРН;
• Беше изготвена и испечатена Политика и практична анализа на професионалниот и кариерниот развој на наставниците во Република Македонија;
• Беа реализирани фокус групи, дискусии на тркалезна маса, интервјуа, состаноци, дебати, анкети, презентации и други активности за целите на собирање податоци и повратни информации во рамките на процесот на воспоставување на систем за професионален и кариерен развој на образовните кадри;
• Беше добиено јавно мислење од стручната заедница и образовните чинители во врска со сите изготвени решенија и документи;
• Беа организирани информативни состаноци со претставници од сите основни и средни училишта во земјата во врска со системот и публикациите за ПКРН;
• Беа изготвени Правилникот за основни професионални компетенции на наставниците и Правилникот за начинот на исполнување на професионалните стандарди за наставник-ментор или наставник-советник и истите беа усвоени од страна на МОН;
• Беа изготвени Правилникот за формата и содржината на планот за индивидуален/личен развој и Правилникот за формата и содржината на професионалното портфолио на наставниците и истите беа доставени до БРО;
• Беше извршено изменување и дополнување на Правилникот за акредитација на провајдери на обуки за да бидат опфатени решенијата од проектот и истиот беше проследен до БРО за усвојување;
• Беше изготвен Правилникот за начинот на оценување на пријавите и документацијата добиени од наставниците за стекнување титула наставник-ментор и наставник-советник, оценување на кандидатите, ранг листи и начин на работа на комисијата (Правилник за унапредување на кариерата) и истиот беше проследен до БРО за усвојување;
• Беше финализиран нацрт Правилникот за начинот и потребното време за спроведување на работните обврски на наставниците и истиот беше доставен до БРО и МОН;
• Беа изготвени, испечатени и дистрибуирани Основни професионални компетенции и стандарди за наставниците, Основни професионални компетенции и стандарди за стручните служби на училиштата, Професионални компетенции за директорите на основните и средните училишта, Насоки за начинот и формата на обезбедувањето менторска поддршка на почетници наставници и почетници стручни служби во основните и средните училишта, Прирачник за извршувањето на следење и планирање на професионалниот развој за наставници и стручни служби во основните и средните училишта, ОД ПОЧЕТНИЧКИ СТРУЧНИ СЛУЖБИ ДО МЕНТОРИ: Водич за професионален и кариерен развој на стручните служби во основните и средните училишта, ОД ПОЧЕТНИК НАСТАВНИК ДО МЕНТОР: Водич за професионален и кариерен развој на наставници во основните и средните училишта, како и брошура за училиштата во врска со тоа како да обезбедат поддршка за унапредувањето на кариерата на наставниците;
• Беа изготвени, пилотирани и финализирани процедури, алатки и инструменти за унапредување на кариерата на наставниците и стручните служби;
• Беше формирана пилот Комисија за оценување на е-портфолијата на наставниците и стручните служби и беа предложени решенија за унапредувањето на кариерата на наставниците и стручните служби во училиштата;
• Беше извршено подобрување на Насоките за индивидуално оценување на образовните кадри како дел од интегралното оценување на училиштата и беа инкорпорирани решенијата за ПКРН;
• Беа добиени повратни информации од различни чинители во врска со проектните решенија, улогата на училиштето и процесот на обезбедување мислења од родителите и учениците во врска со кариерниот напредок на наставниците.