Подобрување на меѓуетничкиот дијалог во општините

166

Времетраење: февруари 2010 – февруари 2011
Донатори: Центарот за институционален развој и Швајцарската агенција за развој и соработка во Скопје (ШРС)

Цели: Подобрување на демократското учество во општините за унапредување на меѓуетничката соработка во основните училишта и во рамките на локалните заедници; подобрување на меѓуетничкиот дијалог во основните училишта во 5 општини преку обезбедување на ефикасна поддршка и менторство во рамките на спроведувањето на воннаставни активности за учениците во етнички мешаните училишта; јакнење на комуникацијата и соработката во основните училишта за подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка; зголемување на способноста на учесниците за живот и работа во мултикултурна средина преку учество во проектните активности. Целната група на проектот опфаќаше 9 основни училишта (ученици, наставници, родители, директори) во 5-те општини: Куманово, Маврово и Ростуше, Струга, Струмица и Тетово.

Резултати:
• Зајакната соработка помеѓу општините со мултиетничко население со цел да им се овозможи директно да соработуваат со наставниците и учениците од повисоките одделенија во основното образование;
• Обезбедени можности за учениците од различна етничка припадност за интеракција, стекнување знаење за меѓусебните културни разлики и подобрување на меѓуетничките односи во училиштата и генерално во рамките на локалната заедница;
• Организирани игри на улоги, дискусии, рекреативни и други активности, на различни теми во областа на мултиетничко општество, преку кои беше осврнато внимание на суштината на прашањата и беа зголемени можностите за спречување на евентуални идни конфликти.