Обуки за образовен софтвер за наставниците од 1-4 одделение од основните училишта

247

Времетраење: ноември 2006 – јуни 2010
Донатор: Програмата на УСАИД за човеков и институционален развој во соработка со Бирото за развој на образованието (БРО)

Цел: Да се зголеми бројот на наставници од основните училишта коишто користат алтернативни и иновативни наставни практики и техники при редовната настава и да се обезбеди поддршка на Министерството за образование и наука (МОН), заедно со Бирото за развој на образованието (БРО), како институција којашто е одговорна за изготвувањето на наставните програми. Целната група на проектот ги опфаќаше наставниците што предаваат на 1 до 4 одделение.

Резултати:
• Софтверот ToolKid беше локализиран на македонски и албански јазик, беа изготвени релевантни наставни програми и софтверот беше инсталиран во 100 основни училишта, како сеопфатен образовен ресурс и алатка за истражување за потребите на сите ученици од основните училишта од 1 до 4 одделение;
• 5.779 учесници ја завршија обуката во рамките на проектот;
• Резултатите на сите наставници од 1 до 4 одделение се подобрија и тие се оспособија за интегрирање на ToolKid софтверот во наставниот процес по сите предмети за 1 до 4 одделение, како и по изборниот предмет „Работа со компјутери“ како дел од националната наставна програма.