Обуки на наставниците од основните училишта за стекнување на основни знаења и вештини за примена на информатичката технологија (Фаза 2)

212

Времетраење: октомври 2006 – февруари 2008
Донатори: Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД) во рамките на Програмата за човеков и институционален развој имплементирана од страна на Светско учење/Северна Македонија заедно со Бирото за развој на образованието (БРО)

Цели: Програмата за обуки на наставниците од основните училишта за стекнување вештини и знаења за примена на информатичката технологија имаше за цел да ги предводи напорите за справување со една од најголемите слабости идентификувани кај наставниците од основните училишта во Северна Македонија, а тоа е недостатокот на капацитет за користење на ИТ како ефективна наставна алатка. Имајќи ја предвид важноста на обезбедувањето обуки за наставниците во однос на основните ИТ вештини, оваа програма за обуки овозможи дополнителен број од 5.100 наставници од основни училишта и членови на стручните служби да се стекнат со познавања од информатичката технологија. Како продолжение на оваа успешна програма за обуки, севкупната цел на последователната програма беше да се создаде рамноправност во областа на ИТ вештини кај наставниците од основните училишта.

Резултати:
• Учесниците коишто ја завршија програмата го надминаа стравот од нови ИТ технологии и се запознаа со основната употреба на компјутерите;
• Учесниците коишто ја завршија програмата се оспособени за основна употреба на Microsoft пакетот, вклучувајќи: Word, PowerPoint и Excel;
• Учесниците коишто ја завршија програмата генерално се стекнаа со разбирање на одреден спектар на ИТ примени за целите на подобра настава;
• Учесниците коишто ја завршија програмата се стекнаа со основно разбирање за начините на интегрирање на употребата на софтвер во рамките на нивната настава.