Обуки на наставниците од основните училишта за стекнување на основни знаења и вештини за примена на информатичката технологија (Фаза 1)

177

Времетраење: март 2005 – септември 2005
Донатори: Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) во рамките на Програмата за обука на учесници реализирана од страна на Светско учење/Северна Македонија заедно со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието

Цели: Севкупната цел на оваа програма беше да се создаде рамноправност во областа на ИТ вештини кај наставниците од основните училишта. Програмата опфаќаше три главни цели: 1) наставниците да се стекнат со основни ИТ вештини; 2) наставниците да користат компјутери во училниците со своите ученици, и 3) наставниците да користат ИТ како алатка за подобрување на наставата.

Резултати:
• Беа ангажирани 230 обучувачи коишто опфаќаа наставници по ИТ и наставници по други предмети од средните училишта;
• Беа изготвени учебници по ИТ, истите беа испечатени и дистрибуирани до сите обучени наставници;
• 3.920 наставници од основните училишта се стекнаа со знаења и вештини за користење на ИТ во нивните училници.