Квалитетно инклузивно образование во основните училишта

254

Времетраење: јуни 2016 – декември 2017
Донатор: Канцеларијата на УНИЦЕФ во Северна Македонија

Цел: Целта на проектот беше да се подобри разбирањето на квалитетна настава по нумеричка и јазична писменост кај наставниците од основните училишта (коишто предаваат на ученици од 1-во до 5-то одделение) и да се унапредат вештините на наставниците при примената на иновативни наставни пристапи, со што ќе бидат постигнати подобри резултати кај учениците со посебен фокус на учениците од ранливите категории. Со поддршка од УНИЦЕФ и странски консултанти, беше обезбедена обука за наставниците, училишните кадри, советниците од БРО и просветните инспектори од ДПИ, коишто имаат улога на национални едукатори и ментори одговорни за реализацијата на обуките за сите наставници од 31 училиште опфатени со проектот и обезбедување менторска поддршка за наставниците во училиштата.

Резултати:
• Развој на компетенциите на наставниците за инклузивно образование;
• Обезбедување на дополнителна поддршка на учениците со посебни образовни потреби/ потешкотии при учењето;
• Инклузија на родителите и на пошироката заедница во процесот;
• Подигнување на свеста на училиштата и другите чинители за фокусирање на подигнувањето на нивото на поддршка за учениците од ранливите групи и на воспоставувањето соработка и взаемна поддршка помеѓу општините, училиштата и организациите вклучени во проектот;
• Организирани обуки наменети за развивање на разбирањето на учесниците и подобрување на знаењето и вештините потребни за работа со маргинализирани групи на ученици;
• Поддршка на училишните кадри во процесот на јакнење на нивните капацитети за планирање, спроведување и следење на инклузијата;
• Обука на наставниците и на училишните кадри во транзит-центрите во Гевгелија и Табановце и обука на Центарот за баратели на азил во Визбегово за подоготовка на наставни програми и планови и за методолошки пристапи во наставата.