Интегрирање на децата Роми во училишната средина преку инспирирање на нивната креативност

162

Времетраење: февруари 2010 – декември 2010
Донатор: Амбасада на САД во Северна Македонија

Цел: Да се интегрираат децата Роми во рамките на училишната средина преку нивно мотивирање да земат активно учество во воннаставните активности. Беа организирани активности со учениците во форма на интерактивни забавни работилници. Беше опфатена работа во различни секции: уметност, англиски јазик, музика, театар, заштита на животната средина. Целната група на проектот ги опфаќаше наставниците и учениците од средни училишта од Куманово, Гостивар и Велес.

Резултати:
• Беа организирани воннаставни активности чијашто цел беше зближување на децата врз основа на нивните интереси, поддршка на детските идеи и креативност;
• Вкупно 5 наставници и 125 ученици беа инволвирани во процесот на организирање и спроведување на воннаставните активности;
• Вештините на наставниците беа зајакнати во насока на подготовка на акциони планови за активности и за потребните ресурси за реализација на истите;
• Беше организиран завршен настан за одбележување на крајот на проектот и постигнатите резултати.