Ефикасни општини – подобро образование

178

Времетраење: јануари 2009 – јуни 2010
Донатор: Балкански труст за демократија

Цел: Целта на овој проект беше да им се обезбеди поддршка на општините во земјата за успешно спроведување на децентрализацијата на образованието. Главната цел беше да се идентификуваат постојните капацитети на човечките ресурси во општините со цел да се планира долгорочната поддршка на нивниот понатамошен професионален развој.

Резултати:
• Беа организирани 10 регионални презентации за службените лица од општините одговорни за образованието;
• Беше создадена база на податоци за службените лица од општините одговорни за образованието врз основа на нивните одговори дадени во прашалниците пополнети и добиени од 78 претставници во 76 општини;
• Беше создадена публикацијата Истражување за потребите на поддршка на децентрализацијата на образованието и истата претставува извештај од истражувањето коешто беше спроведено за целите на собирање податоци и вршење анализа на потребите од професионален развој на службените лица од општините одговорни за образованието.