Децентрализација на образованието во Македонија

186

Времетраење: октомври 2005 – септември 2006
Донатор: Меѓународната хуманитарна агенција Catholic Relief Services (CRS)

Цели: Ефективна имплементација на децентрализација на образованието за подобрување на образовниот систем на Северна Македонија и иницирање подобрувања во образованието со цел да се исполнат локалните образовни потреби на основните училишта. Очекуваниот исход од овој проект беше граѓаните и владата да се стекнат со вештини за заедничко учество во градењето врски за ефикасно подобрување на образованието, притоа користејќи ги своите права, прифаќајќи ги своите одговорности и осигурувајќи отчетност и транспарентност на надлежните органи. Целната група на проектот опфаќаше четири општини од Струмичкиот регион, претставници на Регионалниот општински образовен орган, како и основните училишта од Струмичкиот регион, коишто интензивно работеа во рамките на програмата за зајакнување на комуникацијата помеѓу општините и училиштата, поддршка на партиципативен пристап во процесите на одлучување, истовремено исполнувајќи ги приоритетните образовни потреби и воспоставувајќи процедури за соработка помеѓу владата и училиштата.

Резултати:
• Беше зајакната соработката помеѓу училиштата и општините во врска со проблемите на основните училишта во Струмичкиот регион и беа усвоени образовни политики за соработката помеѓу владата и училиштата;
• Изготвените политики се наменети да бидат користени од страна на општините како модел којшто ги поддржува нивните процеси за децентрализација на образованието;
• Беше обезбедено градење на вештини и методологии за учесниците во проектот да го зголемат својот капацитет за успешно решавање на образовните прашања на општинско ниво;
• На 4 училишта им беа обезбедени мали грантови за исполнување на нивните образовни приоритети;
• Беше организирана обука за собирање финансиски средства за претставниците на училиштата од опфатените општини и на училиштата им беше обезбедена поддршка преку Регионалниот општински образовен орган за развој на училишни акциони планови.