Децата и семејствата во образованието (ДИСО)

220

Времетраење: јануари 2017 – декември 2018
Донатор: Универзитетот за образование на наставници од Цирих

Цел: Децата и семејствата во образованието (ДИСО) е проект кој имаше за цел да ги поддржи децата од социјално загрозените средини, особено децата од ромска етничка припадност, да станат свесни за своите способности и да се поттикне нивниот личен развој. Преку активно учење на животни вештини и градење компетенции кај овие ученици, овој проект помогна да се зголеми нивното самопочитување и нивната доверба во вредноста на училиштата и образованието. На овој начин, учениците ќе бидат подобро подготвени да се соочат со секојдневниот живот и да го пронајдат сопствениот пат во општеството.
Овој проект беше предвиден за деца од 4 до 14 години. Во проектот се вклучени 7 основни училишта во кои има поголем број ученици Роми и деца од маргинализирани средини.
Целта на проектот беше зајакнувањето на капацитетите на наставниците и стручните училишни соработници, обезбедувањето одржливост и подготовката на технички и стручни материјали.

Резултати:
• Организирани обуки за наставниците од 7 основни училишта;
• Обезбедена поддршка за обучените наставници да ги споделат информациите во врска со активностите на ДИСО со другите наставници од нивните училишта.