Учениците кои се дел од Центарот за фузија на идеи на онлајн средба со актерот Дритон Вејсели

95
Во текот на летото, учениците кои се дел од виртуелниот Центар за фузија на идеи учествуваа на онлајн средба со актерот Дритон Вејсели, поддржана од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието.

На средбата се разговараше за неговите искуства со актерството и мотивацијата зад неговата одлука да биде дел од серијата ,,Преспав”. Дополнително, Дритон сподели совети со учениците што би придонеле кон остварување на нивните цели во иднина. Им зборуваше и за упорноста која е потребна за да може да ги постигнат работите кои ги сакаат и кон кои се стремат како и за тоа колку е важно активно да придонесуваат кон позитивни промени во околината.

Присутните добија можност да постават прашања и да дискутираат за посветеноста кон одредени интереси и мотивацијата да ги остварат истите.

Оваа група на ученици учествува во редовни онлајн состаноци на кои се разговара за идеи за креативни промени, младински активизам, креативно размислување, комуникациски вештини и јавно говорење, споделување на успешни приказни итн. Преку Центарот за фузија на идеи тие учествуваат во развивање и спроведување на уникатни и креативни идеи и истиот овозможува да се слушне гласот на младите.

Оваа активност е дел од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, поддржан од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).

Оваа вест е подготвенa со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на МЦГО и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.