Со онлајн дружба учениците од Access програмата успешно ја завршија учебната година

430
Учениците кои се дел од Програмата Access – Микростипендирање за зголемување на пристапот до англискиот јазик, поддржана од Амбасадата на САД во Скопје го одбележаа крајот на часовите од програмата за оваа учебна година од далечина преку дигитални платформи за комуникација. На настанот присуствуваше и Ерик Елиот, претставник од Амбасадата на САД, кој се вклучи во активна дискусија со учениците. Тој сподели детали од неговиот личен и професионален живот како и помалку познати факти за САД.

За време на дигиталната дружба, учениците заедно се навраќаа на нивните искуства и доживувања на Access часовите кога учеа за теми како демократија, граѓанско учество и слично. Тие раскажуваа за интересни случувања и нови работи кои ги научиле за американската култура и англискиот јазик.

За мене Access беше едно од најубавите искуства и им препорачувам на сите да се приклучат. Се запознаваат многу нови пријатели”, вели Арбин.

Анита додава, „Ученици од различни етнички заедници учествуваа во програмата и беше убаво што научивме повеќе нови работи едни за други”.

За учениците, воннаставните активности и посети како и средбите надвор од часовите се едни од најомилените искуства. Со насмевка се сеќаваа на одењето во кино и на театар и учеството на кампови каде беа дел од забавни караоке вечери и талент шоуа. Инспирирани од часовите и новонастанатата ситуација, тие нацртале цртежи кои ги претставија пред Ерик, своите наставници и соученици.

Со Ерик ја продолжија дискусијата на различни теми и интереси меѓу кои и диско песни кои ги сакаат, омилени места во САД, традиционални јадења и многу други. На крајот, Ерик ги мотивираше со инспиративната приказна за неговата кариера и професионалниот пат по кој одел за да стигне до дипломатската професија.

Искористете ги сите можности кои ви се појавуваат. Бидете подготвени да работите различни работи пред да ја најдете вашата работа од соништата. Останете зафатени и работете многу. Ако сте флексибилни, на крајот ќе го постигнете тоа што го сакате. Не можете да бидете успешни ако прво не грешите”, тој ги посоветува.

Часовите од Access програмата ќе се одржуваат и во новата учебна година кога учениците ќе продолжат да ги развиваат своите вештини за изразување на англиски јазик и да ги збогатуваат своите знаења за американскиот начин на живот, политичкиот и културниот живот како и американските традиции и вредности.

Оваа активност е дел од Access Програмата за микростипендирање за зголемување на пристапот до англискиот јазик, поддржана од Амбасадата на САД во Северна Македонија.