Работилница за обучувачи на ментори на компании во рамки на проектот Одржливи вештини за обучувачи на практиканти во иницијалното стручно образование и обука (ИСОО)

64
Во текот на септември 2021 година, беше организирана работилница за обучувачи на ментори на компании, како дел од фазата на тестирање и евалуација на првиот интелектуален труд (ИО1) во рамки на проектот Одржливи вештини за обучувачи на практиканти во иницијалното стручно образование и обука (ИСОО). Помеѓу учесниците беа девет советници од Центарот за стручно образование и обука (ЦСОО).

Тие имаа можност да се запознаат со практиките во земјите – учеснички во овој проект, Бугарија, Шпанија и Литванија, а исто така беше презентиран и првиот интелектуален труд – Напредна програма за обучувачи на компаниски ментори.

Советниците активно учествуваа и даваа сугестии во однос на модулите од оваа програма. Тие веќе имаа познавање на слични содржини бидејќи работеа на ревизија и подготовка на новата Национална програма за обучувачи на ментори на компании, усвоена во јули 2021 година.

Преку проектот се зајакнува обезбедувањето на учење засновано на работа за да се следи брзиот технолошки, економски и општествен развој. Целта е да се изготват иновативни, интелектуални трудови со цел да се поддржат менторите од компаниите при планирањето, осмислувањето, реализацијата и оценувањето на програмите за иницијалното стручно образование и обука.