Прв состанок на проектот Започни со промената (Start the Change)

100
Координаторите на проектот Започни со промената (Start the Change) од 7 партнерски организации: ИНОВА+ (Португалија), Македонски центар за граѓанско образование – МЦГО (Северна Македонија), Форум за слобода во образованието – FFE (Хрватска), НЕПЦ (Хрватска), СИРИУС (Белгија), основното училиште „Иван Мештровиќ“ (Хрватска) и група на училишта Хозе Естевао – Agrupamento de Escolas Josë Estëvâo (Португалија) се сретнаа во Загреб, Хрватска на 2 март и 3 март, 2020. За време на овие два дена, претставниците од партнерските организации заедно дискутираа за проектните активности со цел да се разбере дизајнот на проектот и фокусот на политиките, притоа имајќи ги на ум проблемите и пристапите на различни држави.

Во однос на образование, наставници и ученици, се разгледуваа можностите да се реализираат очекуваните активности директно со училиштата. Партнерите ја одредија темата на посакуваната промена во политиките која ќе биде следена преку сите проектни активности – промоција на ученичкиот глас. Сите партнери се согласија дека промоцијата на ученичкиот глас и учество, отвара простор за постигнување на интеркултурно разбирање, почитување на различностите, волонтирање, солидарност и активно граѓанско учество во училишните заедници.

Партнерите подетално ја дискутираа и првата клучна активност која опфаќа квалитативно истражување со ученици, употребувајќи ја методологијата на фокус групи. Целта на истражувањето е да се истражи ученичката перспектива за училиштето и локалната заедница и на кои начини тие се чувствуваат и не се чувствуваат прифатени, слушнати и видени од страна на возрасните и врсниците. Потоа, овие сознанија ќе им помогнат на експертите на проектот да го развијат образовниот материјал, наставните програми и обуки за наставниците.

Со оглед на тоа што кризата со КОВИД-19 има влијание на различни држави, партнерите дискутираа за потенцијалниот ризик од реализирање на проектните активности директно со училиштата.

Првиот состанок претставуваше можност за заинтересираните страни да се соединат и да ги одредат идните активности на проектот насочени кон градење на отпорност на младите и промовирање на ученичкиот глас и учество. Повеќе детали за проектот Започни со промената (Start the Change) и за првиот состанок може да најдете тука – https://startthechange.net/first-meeting-of-start-the-change-partners/