Како училиштата треба да се чистат и дезинфицираат

115
Објавени се вториот дел од Упатството со прирачник за одржување на училишни објекти и едукативни видеа, изработени во рамки на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, во соработка со Министерството за образование и наука (Одделение за капитални инвестиции), а во координација со Канцеларијата за воена соработка при Амбасадата на САД во Скопје. Во нив детално се прикажани процедурите за чистење, дезинфицирање и одржување на безбедноста во училиштата.

Училиштето е место во кое учениците и наставниците го поминуваат поголемиот дел од денот, па затоа треба да биде чисто, безбедно и пријатно за учење и работа. Особено во време на пандемија, влезовите, училниците, предметите во објектот и тоалетите треба редовно да се чистат и дезинфицираат. Задолжениот персонал требa да носи соодветна заштитна опрема додека ги извршува овие активности.

Исто така, во случај на природни непогоди, училиштата треба да ја осигураат безбедноста на учениците и персоналот преку формирање на тимови кои ќе направат план за заштита и спасување.

Сето ова се обработува во објавеното упатство заедно со добри практики и искуства во однос на одржување на системите што користат сончева енергија.

Сите материјали се достапни на страната на Министерството за образование и наука и можете да ги погледнете тука.

Оваа активност е дел од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, поддржан од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).

Оваа вест е подготвенa со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на МЦГО и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.