Проект на УСАИД за професионален и кариерен развој на наставниците

USAID MCEC


Цели

Цел: Унапредување и подобрување на Системот за професионален и кариерен развој на наставниците (ПКРН), на тој начин придонесувајќи за повисок квалитет на наставата во училиштата и подобри достигнувања на учениците во Република Македонија.

Времетраење: декември 2012 година – јуни 2016 година

Буџет за проектот: $ 949.684

Информации за проектот: Проектот беше инициран од страна на Бирото за развој на образованието како резултат на делумните и неконзистентни интервенции во врска со професионалниот и кариерниот развој на наставниците што бил спроведуван претходно. Поради тоа, во рамките на делокругот на овој проект ќе бидат спроведени сеопфатни анализи на постојните документи и одлуки, вклучувајќи и успешни образовни системи со високи достигнувања на учениците при меѓународните оценувања. Анализите ќе се користат како основа за подготовка на препораки за подобрување на системот за професионален и кариерен развој на наставниците во Македонија, вклучувајќи и тековни политики и практики коишто се сметаат за одржливи. Покрај тоа, проектот ќе ги земе предвид сегашните активности за професионален развој и ќе предложи два модели за кариерен развој коишто се најсоодветни во македонски контекст. Системот ќе се базира на јасни стандарди за квалитетна настава, објективно и транспарентно оценување на наставниците, фокусиран професионален развој и континуирана поддршка за наставниците.

Компоненти на проектот: Компонентите на проектот гравитираат околу три меѓусебно зависни и поврзани области:

  • Подготовка на сеопфатен правен систем: Нацрт правна рамка базирана на спроведувањето на системот за професионален и кариерен развој на наставниците во Република Македонија
  • Создавање на финансиски шеми за препорачаниот модел на професионален и кариерен развој на наставниците; идентификување на извори на финансирање (постојни и достапни) на национално, општинско, како и училишно ниво, со цел да се обезбеди одржлива поддршка за професионалниот и кариерниот развој на наставниците. Во врска со предложените финансиски шеми, во рамките на проектот ќе бидат изготвени нацрт законски и подзаконски акти за професионалниот и кариерниот развој на наставниците.
  • Развој на професионалните компетенции и стандарди за наставниците и стручните служби во училиштата: Утврдување на јасни стандарди за компетенциите на наставниците и идентификување на можности за професионален и кариерен развој, вклучувајќи и алатки за оценување на резултатите и напредокот во рамките на наставната струка. Ова е клучна компонента за надградба на другите две компоненти на проектот.

Проектните активности ќе придонесат за хармонизација и понатамошен развој на образовните политики, ревидирање и подобрување на законската рамка и идентификување на извори за финансирање на професионалниот и кариерниот развој на наставниците:

  • Спроведување на Сеопфатни анализи на постојните политики и практики, како и на успешните образовни системи во други земји;
  • Подготовка на Каталог на професионални компетенции и стандарди за наставниците и стручните служби;
  • Воспоставување на процедури и инструменти за оценување на компетенциите на наставниците и на стручните служби;
  • Изготвување и предлагање на законски и подзаконски акти за професионален и кариерен развој на наставниците и на стручните служби;
  • Изготвување на нацрт модел за систем за кариерен развој на наставниците и на стручните служби;
  • Идентификување на извори на финансирање на професионалниот и кариерниот развој и нацрт механизми и процедури за транспарентно и правична распределба на финансиите;
  • Информирање на наставниците и на стручните служби за можностите за професионален и кариерен развој.

Целни групи: Наставници, директори и стручни служби на училишта, соработници од Бирото за развој на образованието (БРО) и Центарот за стручно образование и обука, просветни инспектори (државни и овластени инспектори).

Соработници

Анализа

Во текот на 2013 година, работните групи составени од претставници од сите засегнати страни заедно со тимот на проектот, согласно рамката на Светска банка која е дел од системскиот приод за подобри резултати во образованието (САБЕР – наставен кадар) изработија Анализа на политиките и практиката на професионалениот и кариерениот развој на наставниците во Република Македонија.

Во оваа анализа се опфатени сознанијата за политиките и праксата на професионалниот и кариерниот развој на наставниците и другиот воспитно образовен кадар во Република Македонија. Врз основа на сите сознанија, во овој документ се даваат предлог мерки и активности за надградување на системот за професионален и кариерен развој на наставниците во Македонија.

За таа цел се спроведоа повеќе засебни истражувања. Сознанијата од тие истражувања се анализирани и се споредени со трендовите во областа на професионалниот и кариерниот развој согледани преку меѓународни истражувања како и со политиките и практиките во други земји.

  • Анализа на регулативата на образовниот систем во Република Македонија;
  • Извештај од дискусиите во фокус-групите за професионален и кариерен развој на наставниците;
  • Извештај од интервјуата за практиките за професионален и кариерен развој на наставниците на ниво на општини;
  • Извештај од испитувањето на мислењата на училиштата за стручното усовршување и напредувањето во звања на воспитно-образовниот кадар;
  • Компаративна анализа на системот за професионален и кариерен развој на наставниците во шест европски земји.

МЦГО сака да им се заблагодари на сите соработници и институции коишто учествуваа во изработката на овие документи: Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Државниот испитен центар, Државниот просветен инспекторат, Центарот за стручно образование и обука, Синдикатот за образование, наука и култура, канцеларијата на Светска Банка, Фондацијата за образовни и културни инцијативи „Чекор по чекор“, како и на воспитно – образовниот кадар и на сите основни и средни училишта во Република Македонија.

Документи

По спроведената Анализа на политиките и праксата на професионалниот и кариерниот развој на наставниците во Република Македонија, а врз основа на препораките произлезени од анализата, работни групи, составени од претставници од Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно образование и обука, Државниот просветен инспекторат, Државниот испитен центар, Синдикатот за образование, наука и култура, претставници од факултетите кои образуваат наставници и стручни соработници и практичари од училиштата, со поддршка на УСАИД и МЦГО и во соработка со Фондацијата за образовни и културни иницијативи Чекор по чекор, ги изработија следните документи за професионалниот и кариерниот развој на воспитно-образовниот кадар во училиштата: