Проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО)

Времетраење: декември 2011 – март 2017

Буџет на проектот: $ 6,200,000

Имплементатор: Македонски центар за граѓанско образование (МЦГО) во партнерство со локални невладини оргaнизации

Цели: да поттикне градење на свесност и да обезбеди разновидни обуки, техничка помош и стимул за училишните одбори, директорите на училиштата, наставниците и за вработените во општините – одговорни за образованието, за поддршка на меѓуетничката интеграција во образованието

Примарни целни групи: основни и средни училишта, вклучувајќи ги учениците, наставниците, членовите на училишните одбори, родителите и локалните заедници

Компонента 1: Информирање на јавноста и заедниците
Подигање на свесноста и разбирањето за значењето на етничката интеграција
и зошто таа е од витално значење за идната стабилност на Македонија.

Компонента 2: Обучување на наставниците, раководството и управата во училиштата и вработените во општинити – одговорни за образованието 
Развивање способности кај наставниците, училишното раководство, училишните одбори, родителите и вработените во општините – одговорни за образование, за работа и создавање услови за подобрување на меѓуетничката интеграција.

Компонента 3: Модел училишта
Обезбедување на разновидни интервенции во неколку училишта коишто можат да служат како модели за интегрирани училишта во целата земја.

Компонента 4: Обезбедување стимул за училиштата и локалните заедници
Обезбедување на реновирање на училиштата како стимул за училиштата да учествуваат во активности за меѓуетничка интеграција. Оваа компонента е финансирана од Европската команда на САД.