Квалитетно инклузивно образование во основните училишта

491

Датум на започнување: Јуни 2016 – декември 2017 година
Времетраење: 2 години
Имплементатор: Македонски центар за граѓанско образоване (МЦГО)
Партнери: Биро за развој на образованието (БРО)
Цел: Продлабочување на разбирањето на наставниците и училишното раководство за инклузивното образование за ранлива група на ученици и квалитетна настава за писменост и нумеричка писменост и резултати на учениците.
Целна група: 31 основно училиште 

Очекувани резултати:
– Инклузија на сите ученици во училницата/училиштето и образовниот систем.
– Развој на компетенциите на наставниците за инклузивно образование.
– Унапредување на пристапите на настава коишто ќе придонесат кон повисоки постигнувања на учениците.
– Обезбедување на дополнителна поддршка на учениците со посебни образовни потреби/ потешкотии при учењето.
– Користење на формативно оценување и развој на разбирање на интелигенцијата како флексибилна категорија преку процесот на учење.
– Инклузија на родителите и на пошироката заедница.
– Подигнување на свеста на училиштата и другите чинители за фокусирање на подигнувањето на нивото на поддршка за учениците од ранливи групи и на воспоставувањето на соработка и взаемна поддршка помеѓу општините, училиштата и организациите вклучени во проектот.
– Обуки наменети за развивање на разбирањето на учесниците и подобрување на знаењето и вештините за работа со маргинализирани групи на ученици.
– Поддршка на училишните кадри во процесот на јакнење на нивните капацитети за планирање, спроведување и следење на инклузијата.
– Обука на наставници и поддршка на кадрите за образовни програми во транзит-центрите во Гевгелија и Табановце и обука на Центарот за баратели на азил во Визбегово за подоготовка на наставни програми и планови и за методолошки пристапи во наставата.