Инклузија на децата што се надвор од училиштата во образовниот систем

595

Времетраење: март 2017 – јануари 2018 година
Имплементатор: Македонски центар за граѓанско образоване (МЦГО)
Партнери: Детската фондација „Песталоци“, Министерството за образование и наука (МОН), Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците (УРУОЈПЗ), клучните образовни институции, 12 општини и 49 основни училишта во Македонија.
Целна група: Деца кои се надвор од училиштата на возраст од 6-17 години.

Резултат 1: Идентификување на деца кои се надвор од училиштата во 12 општини
Преку теренско истражување/прибирање на податоци во соработка со Министерството за образование и наука и УРУОЈПЗ, проектот ќе ги идентификува учениците кои се надвор од училиштата, причините за непосетување настава и за напуштање на училиштето како и потребите коишто треба да се исполнат за децата да се вратат или да се запишат во училиште.
Наодите од теренското истражување и препораките за подобрување ќе се вметнат во Извештајот од истражувањето и ќе се презентираат пред целните групи на локално и државно ниво.

Резултат 2: Усвојување на наставни програми за повратници од страна на Министерството за образование и наука
Во партнерство со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието (БРО), проектот ќе го поддржи усвојувањето на наставните програми за да ги исполни потребите на повратниците или на новозапиштаните деца.

Резултат 3: Обезбедување поддршка и стипендии за повратници и новозапишани деца
Врз основа на Извештајот од истражувањето, проектот ќе дизајнира индивидуална поддршка т.е. иницијативи со цел децата да се запишат или да се вратат во училиште. Дизајнираната поддршка ќе им се обезбеди на 100-150 деца кои се надвор од училиштата.

Постигнати резултати:
– Со теренското истражување спроведено во 12 општини беа идентификувани 1144  деца коишто не посетуваат училиште, на возраст од 6-17 години;
– 1122 родители на деца коишто не посетуваат училиште ги објаснија причините зошто не посетуваат настава и го прекинале образованието, како и потребите коишто треба да се исполнат за нивните деца да се вратат или запишат на училиште;
– Релевантните државни претставници дадоа важни информации за подготовка на извештај за истражувањето: 71 претставник од Министерството за образование и наука, Државниот просветен инспекторат, Центрите за социјална работа, единиците на локалната самоуправа, основните училишта, родителите и локалните НВО;
– Беше креирана база на податоци за теренското истражување за идентификуваните 1144 деца коишто не посетуваат училиште којашто содржи информации за непосетувањето, статистика поврзана со полот, возраста, градот на живеење и друго;
– 47 деца коишто не посетуваат училиште (6-8 години) добиле поддршка од проектот и се запишале на училиште. За сите е потврдено дека редовно посетуваат училиште;
– Извештајот од истражувањето, заедно со наодите коишто ги содржи, којшто беше претставен пред 60 образовни чинители, ја подигна свесноста за прашањето на децата коишто не посетуваат училиште. МОН изрази посветеност за решавање на прашањето на децата коишто не посетуваат училиште со конкретни мерки.