Децата и семејствата во образованието (ДИСО)

733

Имплементатор: Универзитетот за образование на наставници од Цирих, во соработка со Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО)
Времетраење: јануари 2017 – декември 2018 година
Цел: Подобрување на личните компетенции и животни вештини кај ранливите деца.

Опис: Децата и семејствата и во образованието (ДИСО) е проект кој има за цел да ги поддржи деца од социјално загрозените средини, посебно децата од ромска етничка припадност, да станат свесни за своите способности и да се охрабрат во сопствениот развој. Преку активно учење на животни вештини и градење на компетенциите кај овие ученици, во рамки на проектот се помага да се зголеми нивното самопочитување и нивната доверба кон вредноста на училиштата и образованието. На овој начин, учениците ќе бидат подобро подготвени да се соочат со секојдневниот живот и да го пронајдат сопствениот пат во општеството.

Овој проект е дизајниран за деца од 4 до 14 години. Во проектот се вклучени 7 основни училишта во кои има поголем број ученици Роми и деца од маргинализирани средини.

Во рамки на проектот се работи на зајакнување на капацитетите на наставниците и стручните соработници, обезбедување одржливост и подготовка на технички и стручни материјали.