Администрација на програма за англиски јазик: „Соништа и пријателство“ и „Графички роман“

442

Времетраење: Август 2017 – септември 2018 година
Имплементатор: Македонски центар за граѓанско образоване (МЦГО)
Партнери: Амбасада на САД во Македонија
Целна група:  Ученици од основно образование на возраст од 12-14 години и средношколци на возраст од 14-16 години.
Локации: 5

Цел: Едногодишната програма на учениците ќе им овозможи да ги развиваат вештините по англиски јазик, да развиваат вештини за критичко размислување и да ја зголемат свеста за родова еднаквост и толеранција.  „Соништа и пријателство“ овозможува сесии преку Скајп со врсници од САД истражување за различни песни од Ленгстон Хјуз додека „Графички роман“ се фокусира на теми поврзани со САД коишто се презентираат преку раскажување низ стрипови и графички илустрации.

Преглед на програмата „Соништа и пријателство“
Под водство на професор по англиски јазик, учениците во основните училишта на возраст од 12-14 години, двапати неделно, преку шеесет минутни часови учат за мултиетничкото население во САД, за вредностите, културата и јазикот, а исто така се среќаваат и разменуваат мислења со нивните врсници од САД еднаш месечно преку Скајп сесии.  Учениците работат на различни песни од Ленгстон Хјуз и ја оценуваат и ја анализираат мултиетничката и мултикултурна средина во САД.  Учениците истражуваат различни песни од Ленгстон Хјуз, го одгатнуваат нивното значење и важност и пишуваат свои песни и ги споделуваат со своите другари од Америка. Учениците дискутираат и за теми како права на младите, меѓуетничка кохезија, волонтерство, толеранција и еднаквост поврзани со нивното училиште, заедница и земја.
Преглед на програмата „Графички роман“:
Предводени од наставник по англиски јазик и графички дизајнер/илустратор, средношколците на возраст од 14-16 години се среќаваат еднаш неделно за да одржат два часа со цел да го подобрат англискиот јазик и да ги развијат нивните вештини за критичко размислување.  Учениците се среќаваат и активно истражуваат и дискутираат за теми поврзани со родова еднаквост, толеранција и взаемно разбирање коишто понатаму ги презентираат преку раскажување низ стрипови и графички илустрации. Во текот на програмата, учениците имаат можност да се сретнат и да работат со авторот и со илустраторот на графичкиот роман од САД и да ги претстават нивните графички илустрации коишто ги создале во текот на програмата.

Очекувани резултати:
– Подобрување на вештините и компетенциите по англиски јазик.
– Отворање на прозорец кон еден поширок свет и пошироки можности како и зголемување на академските можности за повисокото образование.
– Давање можност на учениците подобро да придонесат кон социо-економскиот успех на нивните заедници.
– Подигнување на свеста во однос на некои општествени теми и промоција на еднаквост во врска со различни прашања.
– Стекнување на одлични вештини и компетенции и нивна примена во иднина.