126

Б А Р А Њ Е

За прибирање на понуди Бр. МИМО.Р.01/21, МИМО.Р.02/21 и МИМО.Р.03/21

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието (МИМО) имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) ги повикува сите квалификувани и лиценцирани фирми за изведба на градежни работи и машински инсталации, а кои се регистрирани и работат во Република Северна Македонија да поднесат понуди за проектите: 1) „Поставување на нова термо фасада“ во основното училиште „Димче Ангелов Габерот“ во општина Демир Капија, 2) „Поставување на нов систем за греење“ во основното училиште „Добре Јованоски“ во општина Прилеп и 3) „Реконструкција на плафони и подови во училници“ во основното училиште „Славчо Стојменски“ во општина Виница. Заинтересираните страни можат да побараат копија од тендерската документација почнувајќи од 16 јуни 2021 година на e-mail: mimo.tenderi@gmail.com. Телефон за информации: 070/225 323 (од 8:30 до 16:30).

Сите понуди треба да бидат доставени не подоцна од 30 јуни 2021 година, до 14:00 часот во просториите на Проектот на улица Васил Ѓоргов 16, кат 2 (Т.Ц. Зебра) во Скопје.

Забелешка: Прибирањето на понуди за горенаведените барања не подразбира и автоматско доделување на договор за работа.