Барање за прибирање на понуди бр. ХЕ 2/20

181

Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) за потребите на Проектот Образование за вработување (Е4Е) ги повикува квалификуваните и лиценцирани фирми за вршење на ревизија на проектна документација (со лиценца А), а кои се регистрирани и работат во Република Северна Македонија да поднесат понуди за проектот: 1) Изработка на проектна документација за реконструкција на регионални ВЕТ центри во: СОСУ „Моша Пијаде“ – Тетово, ОУТУ Ванчо Питошески – Охрид и СОУ „Киро Бурназ“ во Куманово.

Заинтересираните страни можат да побараат копија од тендерската документација почнувајќи од 21 октомври 2020 година на e-mail: vetc.tender@gmail.com

Понудите треба да бидат доставени не подоцна од 28 октомври 2020 година, до 14:00 часот во просториите на Проектот Образование за вработување (Е4Е) на ул. Васил Ѓоргов 16, кат 2 (Т.Ц. Зебра) во Скопје.

Забелешка: Прибирањето на понуди за горенаведените барања не подразбира и автоматско доделување на договор за работа.