Повик за изразување интерес на консултантски фирми – до 5ти октомври, 2018

265

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието има потреба од лиценцирани и регистрирани правни лица за проектирање, ревизија и надзор, од областа на градежништво, електротехника и машинство за изготвување на техничка документација, ревизија на техничка документација и стручен надзор при изведување на проектираните позиции.

За таа цел огласуваме јавен повик за пријавување на лиценцирани консултантски фирми за проектирање, ревизија и надзор при изведба (за училишни објекти), а што пројавуваат интерес за работа со Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието да се пријават и да ја поднесат следната документација:

  1. Образец 1 – Писмо за изразување интерес за соработка
  2. Образец 2 – Регистар на консултантски фирми со следниве информации:
  • Релевантни податоци за фирмата;
  • Лиценци на фирмата за проектирање, ревизија на техничка документација и надзор и
  • Биографии – CV-а и овластувања за консултанти/вработени инженери (архитекти, градежни, електро и машински инженери) од доменот на проектирање, ревизија на техничка документација и стручен надзор.

Обрасците 1 и 2 можете да ги најдете подолу:
Образец 1 – Писмо за изразување интерес
Образец 2 – Регистар на консултантски фирми

Сите документи да се поднесат до Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, Компонента 3 – Стимул за училиштата /Реновирање на училишта  на следнава адреса:

П. фах 82, 1020 Карпош, Скопје
со назнака „за консултантски фирми“
најдоцна до 5 октомври 2018 година.

Дополнителни информации можете да добиете на следниот е-маил: lstarova@mcgo.org.mk