Повик за достава на понуди за почетно истражување

167

Проектот Образование за вработување во Македонија (E4E@мк) ги повикува сите организации со искуство во истражувања во образованието да достават свои понуди за спроведување на истражување за почетната состојба на перцепциите на учениците од средното стручно образование во однос на квалитетот, пристапноста и ориентираноста на стручното образование кон пазарот на трудот.

Проектот е поддржан од Швајцарската агенција за соработка и развој, а имплементиран од Хелветас Свис интернешнал, Македонскиот центар за граѓанско образование и Стопанска комора на Македонија.

Описот на работни задачи како и начинот и формата на доставување на понуди можете да ги погледнете тука.