Барање за прибирање на понуди Бр. МИМО.Р.09/19, МИМО.Р.10/19, МИМО.Р.11/19 и МИМО.Р.12/19

56

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието (МИМО) имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) ги повикува сите квалификувани и лиценцирани фирми за изведба на градежни работи, а кои се регистрирани и работат во Република Северна Македонија да поднесат понуди за проектите: 1) „Реконструкција на ходници и скали во училишната зграда“ во основно училиште „Коле Неделковски“ во Скопје, општина Центар, 2) „Реконструкција на тоалети“ во основно училиште „Гоце Делчев“ во Конче, општина Конче, 3) „Поставување на нови врати во училници и реновирање на ѕидови“ во основно училиште „Никола Вапцаров“ во Скопје, општина Чаир, и 4) „Поставување на нови врати во училници и реновирање на ѕидови“ во основно училиште „Браќа Рамиз Хамид“ во Скопје, општина Шуто Оризари. Заинтересираните страни можат да побараат копија од тендерската документација почнувајќи од 9 август 2019 година во просториите на Проектот на улица Васил Ѓоргов 16, спрат 2 (Т.Ц. Зебра) во Скопје. Телефон за информации: 070/225 323 (од 8:30 до 16:30). Сите понуди треба да бидат доставени не подоцна од 23 август 2019 година, до 14:00 часот на горенаведената адреса.

Забелешка: Прибирањето на понуди за горенаведените барања не подразбира и автоматско доделување на договор за работа.