Барање за прибирање на понуди бр. МИМО.Р.05/19, МИМО.Р.06/19, МИМО.Р.07/19 и МИМО.Р.08/19

79

БАРАЊЕ

За прибирање на понуди бр. МИМО.Р.05/19, МИМО.Р.06/19, МИМО.Р.07/19 и МИМО.Р.08/19

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието (МИМО) имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) ги повикува сите квалификувани и лиценцирани фирми за изведба на градежни работи, а кои се регистрирани и работат во Република Северна Македонија да поднесат понуди за проектите: 1) „Реконструкција на ограда на училишниот двор“ во основното училиште „Кузман Јосифовски Питу“ во општина Кичево, 2) „Реконструкција на тоалети“ во основното училиште „Ванчо Николески“ во с. Лескоец, општина Охрид, 3) „Реконструкција на тоалети“ во основното училиште „Блаже Конески“ во општина Велес и 4) „Реконструкција на тоалети“ во основното училиште „Аврам Писевски“ во Бардовци, општина Карпош. Заинтересираните страни можат да побараат копија од тендерската документација почнувајќи од 31 јули 2019 година во просториите на Проектот на улица Васил Ѓоргов 16, спрат 2 (Т.Ц. Зебра) во Скопје. Телефон за информации: 070/225 323 (од 8:30 до 16:30). Сите понуди треба да бидат доставени не подоцна од 14 август 2019 година, до 14:00 часот на горенаведената адреса.

Забелешка: Прибирањето на понуди за горенаведените барања не подразбира и автоматско доделување на договор за работа.