Барање за прибирање на понуди бр. МИМО.Р.08/18, МИМО.Р.09/18 и МИМО.Р.10/18

217

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) ги повикува сите квалификувани и лиценцирани фирми за изведба на градежни работи и машински инсталации, а кои се регистрирани и работат во Република Македонија да поднесат понуди за проектите: МИМО.Р.08/18 Реконструкција на тоалети,  подови и врати во училишната зграда“ во основното училиште „Гоце Делчев“, општина Битола, МИМО.Р.09/18 – „Поставување на нови прозори“ во средното општинско училиште „Кузман Шапкарев“, општина Битола и МИМО.Р.10/18 – „Реконструкција на спортска сала“ во основното училиште „Браќа Миладиновци“, општина Струга. Заинтересираните страни можат да побараат копија од тендерската документација почнувајќи од 12 ноември 2018 година во просториите на Проектот на улица Васил Ѓоргов 16, спрат 2 (Зебра Центар) во Скопје. Телефон за информации: 070/225 323 (од 8:30 до 16:30). Сите понуди треба да бидат доставени не подоцна од 26 ноември 2018 година, до 14:00 часот на горенаведената адреса.

Забелешка: Прибирањето на понуди за горенаведените барања не подразбира и автоматско доделување на договор за работа.