Регионална поддршка за инклузивно образование

Времетраење: февруари 2014 година – октомври 2015 година

Поддржано и имплементирано од:

Country memo_MK

Краток опис на проектот:

Мрежата на центри за образовни политики (NEPC) и Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) во Македонија беа избрани од страна на Советот на Европа да служат како Платформа за поддршка на училиштата во спроведувањето на инклузивни политики и практики во рамките на проектот „Регионална поддршка за инклузивно образование“ финансиран од страна на Европската комисија.

Идејата на тимот за училишна поддршка е да биде „рефлективен пријател“ на пилот училиштата од февруари 2014 година до октомври 2015 година кој ќе им помага и во подготовката на проектите за Советот на Европа и во подготовката на развојните планови на училиштето. Преку интерактивна соработка со училишните тимови, како и со другиот персонал и со учениците во училиштето, училиштето ќе се води низ процесот на самооценување. На училиштата ќе им се понудат работилници и поддршка, врз основа на нивните потреби со цел да се подобрат веќе постојните и да се воведат нови инклузивни политики и практики.

 

Краток опис на активностите:

  • Утврдување на фокус групи (училишта, родители, наставници, заедница) во секое од 7-те пилот училишта;
  • Поддршка на 7-те пилот училишта во креирањето на индивидуални прилагодени развојни планови врз основа а Индексот за методологијата за инклузија;
  • Тековна поддршка за пилот училиштата за спроведување на инклузивните развојни планови на училиштата, вклучувајќи и подготовка на предлози за училишни грантови, управување со грантовите и обезбедување на квалитет;
  • Поднесување на кратки извештаи за напредокот со опис на резултатите од активноста до Советот на Европа на квартална основа;
  • Во финалната фаза на Проектот, креирање на планови за одржливост на инклузивното образование за секое пилот училиште и листа на препораки за начинот на одржување на поддршката на национално и на регионално ниво.

За повеќе информации, Ве молиме да ја посетите веб страницата на проектот:

http://pjp-eu.coe.int/web/inclusive-education/about;jsessionid=9414E63AD2EB155AF4D4DF0BDE7D499E

Информации за контакт:

Игор Ордев, Координатор на проект во Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) – iordev@mcgo.org.mk / тел.: +389 (0) 70225331