ЗАПОЧНИ СО ПРОМЕНАТА – Создавање на генерација на предводници на промена преку интеркултурно образование и волонтерство

243

Времетраење15 јануари, 2020 – 14 јануари, 2023
Имплементатори: Македонски центар за граѓанско образование (МЦГО), ИНОВА+ (Португалија), Форум за слобода во образованието – FFE (Хрватска), НЕПЦ (Хрватска), СИРИУС (Белгија)

Цел: Градење на отпорност на младите луѓе, која е поврзана со сите фактори кои придонесуваат кон развојот на млада личност, без оглед на неговата/нејзината почетна позиција и можните проблеми, во здрава, самоуверена, задоволна и толерантна личност која гради квалитетни врски, ги развива своите способности и е активно и позитивно вклучена во заедницата

Опис на проектот: Проектот се состои од три сегменти. Првиот сегмент на проектот ги истражува перспективите на младите луѓе и како тие ја гледаат нивната училишна заедница, нивната позиција во неа како и на кои начини се слушнати и видени и на кои начини не се. Пронаоѓањето на нивниот глас е почетна точка во развојот на вториот сегмент за материјалите и програмите за обуки во рамки на ЗАПОЧНИ СО ПРОМЕНАТА, наменети за наставници и родители со цел да се оспособат заедно со младите луѓе да создаваат позитивни промени во училиштата и местата за учење. Во третиот сегмент, проектот ЗАПОЧНИ СО ПРОМЕНАТА ги мотивира младите луѓе со поддршка од нивните наставници да создаваат и предводат волонтерски иницијативи кои ќе придонесат кон решавање на проблемите кои биле претходно препознаени од младите.

За исполнување на горенаведените цели, проектот е насочен кон:

  1. Развивање на добри практики преку спроведување на пристап кој го опфаќа целото училиште, имајќи на ум дека еднакво е важно да се работи со ученици, родители и наставници, но и да се стави проектот во контекст на пошироката локална заедница. Посебен акцент е ставен на развојот на граѓански компетенции кои ѝ овозможуваат на личноста да учествува во граѓанскиот живот, засновани на знаењето на социјални и политички концепти.
  2. Развивање на инклузивни социјални образовни политики преку промовирање на партиципативни процеси на одлучување и соработка на пониско ниво со училиштата, локални и национални организации, локални, национални и европски креатори на политики и интернационални заинтересирани страни. Овој пристап е заснован на процесот на соработка каде практика е креирање на политики за да се развијат одржливи решенија за стандардизирање на вредноста на ученичкиот глас и учество во политиките и на училишно ниво.

Очекувани резултати:
• Воспоставена соработка помеѓу 15 училишта и локални граѓански организации за имплементација на интеркултурни проекти и проекти за градење на мир со кои ќе се опфатат повеќе од 1000 млади луѓе;
• Мотивирани деца и млади луѓе да бидат активни, критички настроени и храбри во изразување на нивното мислење и да се борат за она во што веруваат;
• Наставници и ментори им помагаат на младите да започнат проекти кои се насочени кон меѓусебно почитување;
• Млади луѓе се вклучени во проекти за социјална свесност и градење на мир.