Проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието

2656


Инфо

Датум на започнување: април 2017 година
Времетраење: 5 години
Имплементатор: Македонски центар за граѓанско образование (МЦГО)
Партнери: Министерство за образование и наука (МОН), клучни образовни институции, сите општини и училишта во Македонија.
Цел: Да се подобри меѓуетничката интеграција преку позитивни интеракции помеѓу етнички мешана младина на ниво на училиштата и на ниво на заедницата и подобрување на содржините по граѓанско образование, вештини и однесувања и пракси на волонтирање кај младите.
Целна група: Сите основни и средни училишта и општини.

Компонента 1: Јакнење на меѓуетничката кохезија во образовниот систем
Преку постојана соработка со Министерството за образование и наука, клучните образовни институции и општините, МИМО ќе создава можности за интеракција помеѓу училиштатата од различни заедници и создавање на подобра етничка кохезија помеѓу младите.
Компонента 2: Јакнење на демократската култура и граѓанското однесување меѓу младите
Во партнерство со Министерството за образование и наука, МИМО ќе ги поддржи промените во содржините на граѓанското образование и ќе воведе методи за унапредување на активното вклучување на учениците во училиштата и процесите на носење одлуки за заедницата.
Компонента 3: Стимул на училиштата/реновирање
Како стимул за училиштата да учествуваат во проектни активности за подобрување на меѓуетничката кохезија и развивање на демократските и граѓанските вредности помеѓу младите, МИМО ќе реновира училишта и ќе ги подобрува условите за учење.

Контакт

Оваа страница е подготвенa со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите на оваа страница не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за Меѓународен Развој или на Владата на Соединетите Американски држави.
За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија посетете ја нивната веб страница USAID Macedonia website или фејсбук страница USAID Macedonia Facebook.


Училишта

Сите основни и средни училишта се вклучени во втората година од проектот – 2018/2019.

За време на првата година од проектот – 2017/2018, планираните активности се спроведуваа во 40 избрани основни и средни училишта од 9 општини во Македонија. Исто така, проектот имплементираше креативни работилници и форум театар методологија во дополнителни 8 средни училишта.

Списокот на пилот училишта може да го најдете тука.


Успешни приказни

Заеднички ученички секции за подобра меѓуетничка интеграција

Интервју со Оливер Станојоски: Знаење, но и граѓански вештини кај учениците

Започна циклусот обуки за наставници по предметот граѓанско образование

Одржана обука за наставници за креативни работилници

Интервју со Ниѓар Нагавци: Младите од сите етнички групи имаат исти проблеми, желби, интереси и цели

Одржана работна средба со училишта

Тркалезна маса за улогата на училиштата во унапредување на меѓуетничката интеграција 

Младински камп во Охрид

Весела атмосфера на јавната презентација на заеднички ученички активности

Интервју со Верче Петрова: Учениците во училиштето растат, се развиваат и се учат на соживот

Основците од Бутел го обележаа Меѓународниот ден на мирот

Тркалезна маса за улогата на медиумите во промовирањето на меѓуетничка интеграција и граѓански и демократски вредности кај младите

Работна средба на Работната група за меѓуетничка интеграција во образованието

Организирани серија завршни настани од креативните работилници

Ученици од Битола: Да го чуваме воздухот чист, затоа што за сите е ист

Преку спорт и забава до интеграција на младите

Основци од Бутел заедно го разубавија училишниот ѕид

Младите од Бутел ги споделија своите идеи за подобрување на заеницата со градоначалникот

Основното училиште „Маршал Тито“ од Струмица спроведе кампања за поголема безбедност на пешаците

Основци од струмичкото училиште „Никола Вапцаров“ на заеднички час

Ученици, наставници, родители и експерти дебатираа за загадувањето на воздухот

Учиме за Сончевиот систем

Ученици го разубавуваа дворот на тетовското училиште „Андреја Савевски Ќиќиш“

Основци од Битола организираа едукативна трибина на тема „Вода за сите

Гласот на младите од Гостивар: Заедно да дејствуваме за подобар живот на сите

Лоцираме проблем, бараме решение

Младинска дебата во Струмица

Основците од с. Бистрица „избраа демократија“

Младите интегрирано делуваат локално: Започна циклусот на младински дебати

Форум театар како алатка за подобри решенија за проблемите на учениците

Прво место за основците од „Маршал Тито“ од с. Муртино

Наставници научија како да ја користат креативноста за подобрување на меѓуетничката интеграција

Продолжува унапредувањето на наставата по граѓанско образование

Иницијална средба со претставници од пилот училишта и општини

Стартуваше новиот Проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието

Наставниците и родителите ги здружија силите за да ги инспирираат младите

Планирање на идни активности со Работната група за интегрирано образование

Пораки за мир и единство на #YEIforPeaceDay


Материјали

Видеа

















Повици за аплицирање