Програма за микростипендирање за зголемување на пристапот до англискиот јазик – Access

739

Времетраење: септември 2015 – октомври 2020
Имплементатор: Македонски центар за граѓанско образование (МЦГО)
Партнери: Амбасада на САД во Северна Македонија
Целна група: Средношколци на возраст од 14-17 години
Локации: СОУГ „Кочо Рацин“, Велес и СОУ „Перо Наков“ Куманово

Цел: Со двегодишната програма треба да се обезбеди основа за развивање на вештините и компетенциите за англиски јазик преку воннаставни часови и интензивни сесии, како и на вештините за ефективна комуникација и критичко размислување преку насочена интеракција, стратегии за кооперативно учење и контекст што е поврзан со реалниот живот.

Цели на програмата: Програмата за микростипендирање за зголемување на пристапот до англискиот јазик – Access ги подготвува учениците за развој на конверзациските вештини на англиски јазик со говорители на кои англискиот им е или не им е мајчин јазик, преку разновидни активности за искуствено учење. Целта на Access е учениците да ги разберат културата и демократските вредности на САД преку соодветни активности за подобрување. Покрај тоа, на избрани ученици, Access ќе им обезбеди напредно познавање на англискиот јазик, што може да доведе до подобри работни места, можности за вработување и стекнување на можност за учество  и натпреварување за идни размени и учење во САД.

Очекувани резултати:
– Подобрување на вештините и компетенциите по англиски јазик;
– Отворање на прозорец кон еден поширок свет на идеи и можности;
– Зголемување на академските можности за повисокото образование;
– Давање можност на учениците подобро да придонесат кон социо-економскиот успех на нивните семејства и заедници;
– Подобрување на можностите за квалификување во програми спонзорирани од Владата на САД и други програми за размена;
– Подобрување на можностите за вработување.