Образование за вработување во Македонија (E4E@mk)

1198

Времетраење: март 2018 година до февруари 2022 година (прва фаза)
Имплементатори: Helvetas Swiss Intercooperation, Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) и Стопанската комора на Македонија
Партнери: Министерство за образование и наука, Министерство за труд и социјална политика, како и други релевантни министерства, државни институции, училишта за средно образование и обука, општини, компании од приватниот сектор, провајдери за обука во неформалното образование за развој стручни вештини и граѓански организации
Целна група: Невработени и несоодветно вработени млади лица и на возраст од 15-29 години, ученици од стручно образование и обука, со грижа за вклучувањето на жени, Роми и лица со попреченост/потешкотии.
Општа цел на проектот/очекувани резултати: Поголем број жени и мажи, особено млади лица, да се стекнат со добро вработување како резултат на подобрените формално стручно образование и неформалното образование за развој на стручни вештини, поддржани од активностите на проектот E4E@mk.

Резултат 1: Повеќе невработени и несоодветно вработени млади лица, вклучително и лица од ранливите групи, ја користат подобрената понуда за неформално стручно образование и обука
Проектот ќе ги поддржи провајдерите за обуки во неформалното образование да понудат програми и активности за развој на стручни вештини коишто се бараат на пазарот, ќе го поддржи развивањето на механизми кои ќе обезбедат дека стекнувањето на достапните стручни вештини и/или понудата на нови преку неформалните обуки е инклузивно и ефективно, и ќе го промовира неформалното стекнување на стручни вештини како клучен елемент за доживотно учење и вработување.

Резултат 2: Учениците од средните училишта имаат придобивки од стручната обука која е порелевантна за пазарот, што е резултат на ефективните партнерства меѓу јавниот и приватниот сектор
Проектот ќе поддржи пилотирање на различни шеми на  јавно-приватни партнерства за формално стручно образование и за обука, ќе ги поттикнува клучните образовни институции да обезбедат квалитетно стручно образование и обука, и активно ќе го промовира стручно образование и обука како остварлива можност за кариера.

Резултат 3: Соодветните институции создаваат поповолна рамка и услови за обезбедување и пристап до развој на стручни вештини кои се насочени кон пазарот  и инклузивни
Проектот ќе го зајакне дијалогот меѓу клучните носители на одлуки, вклучувајќи го и приватниот сектор, преку пристап до најдобрите меѓународни практики. Исто така, проектот ќе понуди можни реални решенија за зголемување на ресурсите за развој на стручните вештини од страна на јавниот и од приватниот сектор.