Воспоставување на центри за ран детски развој во Демир Капија и Крушево

81

Времетраење: март 2019 – мај 2019
Партнер: Канцеларија на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија

Главна цел на проектот:
Во Северна Македонија, запишувањето на 3-6 годишни деца во предучилишното образование изнесува околу 39%, што е меѓу најниските во Европа, а посетеноста е уште пониска.
Позитивните придобивки од посетувањето на предучилишното образование за време на овој период на интензивен развој на мозокот за зголемување на академските достигнувања на децата се од суштинско значење. За да се постигне овој приоритет, важно е да се поддржат локалните заедници во процесот на отворање на центри за ран детски развој како алтернативна форма за предучилишно образование во услови каде што не е потребна целосна грижа за децата, туку само програмата за рано учење и развој која се спроведува за два до три часа дневно.
Главната цел на проектот е отворање на центри за ран детски развој во Бучин (Крушево) и Бистренци (Демир Капија) кои ќе овозможат пристап до предучилишно образование за околу 60 деца што ќе придонесе за зголемување на стапката на запишување во овие две општини.

Очекувани резултати:
– Отворени 2 центри за ран детски развој во Бучин (Крушево) и Бистренци (Демир Капија);
– Центрите за ран детски развој се реновирани и опремени со мебел и дидактички материјали;
– Персоналот во предучилишните установи и општините е обучен за квалитетно образование во раното детство и обезбедување на одржливост преку локални партнерства;
– Овозможен пристап до предучилишно образование за околу 60 деца.