Средби за обезбедување на приспособена поддршка за родителите на деца што се надвор од образовниот систем

226

Во периодот август-септември 2017 година, Македонскиот центар за граѓанско образование, ДФП и МОН организираа средби со родители на деца што се надвор од образовниот систем во 12 општини.

Овие состаноци претставуваат продолжување на теренските истражувања спроведени во 12 општини чија цел е да се идентификуваат колку што е можно повеќе од децата што се надвор од образовниот процес и причините за нивното напуштање и неучество во образовниот процес.

Средбите беа спроведени со цел на родителите на децата што се надвор од образовниот процес да им се објаснат целите на проектот и приспособената поддршка којашто се планира да им се обезбеди. Родителите исто така имаа можност да ги наведат нивните причини за тоа зошто нивните деца се надвор од образовниот процес и да ги посочат нивните потреби коишто треба да се исполнат за нивните деца да се запишат на училиште. Позитивниот одговор на родителите и довербата која што беше изградена даваат дополнителен мотив за проектот уште посилно да продолжи со приспособената поддршка.

Оваа активност е дел од Проектот за инклузија на децата што се надвор од училиштата во образовниот систем, финансиран од Детската Фондација Песталоци (ДФП).