Летен камп на Access

397

Од 3 до 7 јули 2017 година, Македонскиот центар за граѓанско образование организираше летен камп во рамките на Програмата за микростипендирање за зголемување на пристапот до англискиот јазик за Access учениците од Куманово.

Летниот камп беше реализиран во период од 5 дена, а учениците имаа можност да учат и да обработуваат теми како што се Денот на независноста на САД, Access уметности и занаети, Олимписки игри, Талент шоу и многу други.

Целта на летниот камп беше на учениците да им се обезбедат информации за тоа како се слави Денот на независноста во САД и да им се подобрат уметничките и занаетчиските вештини преку дизајнирање и производство на различни производи од волна, стакло, боја и рачно изработен накит. Учениците исто така имаа можност да ги прикажат своите музички и актерски таленти на „Вечерта на талентите“ и да се натпреваруваат во различни спортови во текот на „Денот на Олимписките игри“.

Оваа активност е дел од Проектот за програмата за микростипендирање за зголемување на пристапот до англискиот јазик – Access, којшто е финансиран од Амбасадата на САД во Македонија.