Свечена церемонија за новите учесници во Access програмата

364
На 24 септември 2018 година, се одржа свечена церемонија за новите учесници во Аccess програмата во средното училиште „Перо Наков“ во Куманово. Двегодишната Access програма на 25 ученици ќе им обезбеди солидна основа како за говорен, така и за писмен англиски јазик и ќе им го олесни патот до подобри работни места и образовни можности.

Американскиот амбасадор Џес Бејли со своето воведно излагање официјално го обележа почетокот на церемонијата. Препознавајќи го ентузијазмот на учениците кои ќе учествуваат во програмата, тој ги поттикна да се стекнуваат со нови знаења и да ги следат своите соништа во претстојните години. Потоа следуваше доделувањето на сертификатите за учество на учениците од страна на американскиот амбасадор, додека пак нивните родители и наставници возбудено ја следеа церемонијата.

Многу сум возбуден што ќе учествувам во програмата. Мислам дека таа ќе ми овозможи подобро да го научам јазикот, да запознаам нови пријатели и да научам нешто повеќе за Соединетите Американски Држави.“ – рече еден од учениците кои учествуваат во програмата.

Настанот заврши со сечење на Access торта, инспирирајќи ја новата генерација на Access програмата 2018-2020 да оствари огромен успех.

Програмата за микростипендирање за зголемување на пристапот до англискиот јазик (Access) има за цел да ги подготви учениците да ги развијат конверзациските вештини на англиски јазик со говорители на кои англискиот им е или не им е мајчин јазик, преку разновидни активности за искуствено учење. Целта е учениците на Access програмата да ги разберат американската култура и нејзините демократски вредности.

Покрај тоа, на избраните ученици, Access ќе им обезбеди напредно познавање на англискиот јазик, што може да доведе до подобри работни места, можности за вработување и стекнување на можност за учество во и натпревари за идни размени и учење во САД.