Преку спорт и забава до интеграција на младите

526

Кон крајот на месец април, 2018 година, во средното училиште „Перо Наков“ од Куманово се организираше заедничка спортска активност „Игри без граници“. На активноста учествуваа 20 ученици од училиштето кои наставата ја следат на македонски и албански јазик.

На активноста ѝ предходеа неколку заеднички средби на коишто учениците пред сè, заеднички ги избраа видовите игри кои ќе ги изведуваат. Потоа изработија амблеми коишто ги испечатија на дресовите. На крајот, младите подготвија креативни флаери и покани за настанот.

Покрај тоа што целокупната активност придонесе за поголема меѓуетничка кохезија меѓу младите, самата активност имаше и хуманитарен карактер. Собраните финансиски средства од присутната публика, учениците ќе ги искористат за хуманитарни цели.

Оваа активност е дел од Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, финансиран од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).

Оваа вест е подготвенa со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одоворност на МЦГО и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски држави.