Прв повик за апликации за Фондот на можности 2019

797

Проектот “Образование за вработување во Македонија” објавува
Прв повик за апликации за Фондот на можности за 2019 година

Целта на Фондот за можности е да ги поддржи понудувачите на обуки во насока на обезбедување на пазарно-ориентирани и одржливи понуди кои водат кон задолжително вработување на учесниците во обуката (најдоцна 3 месеци по завршувањето на обуката).

Опфатени сектори: (1) Угостителство; (2) Здравство и социјална грижа; (3) Лични услуги;  (4) Земјоделие; (5) Прехранбена технологија; (6) Машинство; (7) ИТ сектор.

Квалификувани апликанти на Фондот за можности:
1. Приватни тренинг провајдери кои нудат обуки во областа на неформалното образование
2. Средни стручни училишта кои нудат обуки во областа на неформалното образование
3. Граѓански организации кои нудат обуки во областа на неформалното образование
4. Работодавачи коишто вршат обуки во сопствените простории

Посебни услови:
Приватните тренинг провајдери, средните стручни училишта и граѓанските организации можат да аплицираат за Фондот за можности во соработка со еден или повеќе работодавачи кои писмено гарантираат дека ќе вработат најмалку 35% од учесниците, во рок од 3 месеци по завршувањето на обуката.

Работодавачи кои вршат обуки во сопствените простории треба писмено да гарантираат дека ќе вработат 50% од учесниците, во рок од 3 месеци по завршувањето на обуката.

Процедура и рок за аплицирање:
Сите заинтересирани апликанти треба да ја достават апликацијата заедно со сите придружни документи најдоцна до 30 март 2019 година, на следната е-адреса: Boris.Trimcev@helvetas.org со наслов: OF 2019 Application

Ги охрабруваме апликантите да ги испраќаат своите апликации на англиски јазик. Апликациите испратени на македонски и албански јазик исто така ќе бидат земени предвид.

Дополнителни информации, како и потребните документи за апликација коишто се дел од прирачникот на Фондот за можности може да се преземат на следниот линк:
1. OF Manual
2. Proposal Template
3. Budget template
4. Guarantee template

Доколку Ви е потребна поддршка, Ве молиме обратете се на следната е-адреса: Daniela.Stojanova@helvetas.org со наслов: OF 2019 Documents.