Основци од Бутел заедно го разубавија училишниот ѕид

466

Кон средината на мај, 2018 година, две партнерски училишта од Општина Бутел организираа уште една интересна заедничка ученичка активност.

Со поддршка од своите наставници, 20 ученици од основните училишта „Ацо Шопов“ и „Петар Здравковски Пенко“ сликаа на училишните ѕидови со акрилни бои и спрееви. Благодарение на креативноста на учениците и нивната заедничка работа, училиштето доби нов, поубав лик.

Инспирирани од темата за цртежите „Соживот во Република Македонија“, учениците ги украсија ѕидовите и со пораки на своите наставни јазици. По неколкучасовната заедничка дружба, младите беа полни со позитивна енергија и желба за понатамошно заедничко дружење.

Оваа активност е дел од Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, финансиран од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).

Оваа вест е подготвенa со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одоворност на МЦГО и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски држави.