Одржана работна средба со училишта

240
На 12 ноември, 2018 година, се одржа работна средба со училиштата избрани во рамки на програмата за поддршка на постоечки училишни секции преку Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието. Целта на средбата беше на училиштата да им се дадат насоки за успешно реализирање на планираните активности за меѓуетничка интеграција.

На почетокот, се презентираа административните процеси на програмата, со цел училиштата да добијат јасни и прецизни информации и насоки околу потребните документи, начинот на нивната подготовка и испраќање. Во продолжение, се споделија информации за процесот на евалуација на реализираните активности преку спроведување на истражување на почетната состојба и истражување на ефектите, како и насоки за подобро комуницирање на резултатите од активностите со јавноста.

На крајот, претставниците од училиштата работеа во групи заедно со ментори за меѓуетничката интеграција во образованието. Преку директна работа со претставниците од училиштата, им се даде поддршка и насоки за подобра реализација на одобрените активности од апликациите.

Во учебната 2018/2019 година, Проектот ќе ги поддржи следните 20 училишта за реализирање на интегрирани секции:
– АСУЦ „Боро Петрушевски“,Скопје
– ДСУ „Спортска Академија“, Скопје
– ОУ „Братство Единство“, Охрид
– ОУ „Братство Миѓени“, Тетово
– ОУ „Васил Главинов“, Велес
– ОУ „Вера Циривири Трена“, с. Дебреште, Долнени
– ОУ „Гоце Делчев“, Аеродром
– ОУ „Гоце Делчев“, Битола
– ОУ „Даме Груев“, Струмица
– ОУ „Живко Брајковски“, Бутел
– ОУ „Јосип Броз Тито“, Валандово
– ОУ „Јунус Емре“, с. Лисичани, Пласница
– ОУ „Кирил и Методиј“, с. Стајковци, Гази Баба
– ОУ „Пере Тошев“, Долнени
– ОУ „Петар Здравковски Пенко“, Бутел
– ОУ „Страшо Пинџур“, с. Јосифово, Валандово
– СЕОУ „Гостивар“, Гостивар
– СЕПУГС „Арсени Јовков“, Град Скопје
– СОУ „Ибрахим Темо“, Струга
– СОУ „Цветан Димов“, Чаир

Поддршката е наменета за училиштата да организираат и спроведуваат активности во рамки на постоечки училишни секции, кои ги унапредуваат и негуваат интересите, креативноста и способностите на учениците. Со учество во овие секции, наставниците кои водат постоечки секции на различен наставен јазик и нивните ученици ќе имаат можност да работат заедно во една секција на иста тема во своето училиште, а притоа да комуницираат и да се запознаат меѓусебно подобро, да соработуваат и заеднички да создаваат продукти, истовремено промовирајќи ја меѓуетничката соработка, граѓанската култура и однесување.

Оваа активност е дел од Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, финансиран од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).